Животна училница // Приказни
Сопругата на Бали-бег го истакна трудничкото стомаче во црн комбинезон: Актерката Фахрије блеска во бременоста (ФОТО)
Една од омилените турски актерки и сопруга на познатиот Бали-бег, блеска во втората бременост.
Турската актерка Фахрије Евџен Озчивит по повеќе од еден месец се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и покажа како изгледа како трудница.
Ѕвездата од „Кога лисјата паѓаат“ позираше во црн комбинезон, истакнувајќи го трудничкиот стомак, но не откри кој месец е и кога ќе пристигне бебето.
Убавата актерка, инаку, очекува второ дете со актерот Бурак Озчивит, со кој е во брак од 2017 година, а парот веќе го има синот Каран.
Во август годинава, откако се шпекулираше дека Фахрије е трудна, турските медиуми објавија дека парот се разделува и дека актерката го напуштила заедничкиот дом, но парот го демантираше тоа со заеднички фотки.
извор:GLOSSY