Турските актери се огласија по тврдењата дека се разделуваат поради неговата мајка: Ова е вистината (ФОТО)
Наводно, ситуацијата ескалирала по жестока расправија во која актерот застанал на страната на неговата мајка...
Турскиот актер Бурак Озџивит, познат на најшироката публика по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ е во брак со актерката Фахрија Евџен од 2017 година.
Бали Бег и Фахрије Евџен го очекуваат своето второ дете!
Парот, кој го има синот Каран, моментално го очекува своето второ дете, а со години важат за еден од најубавите познати парови на турската јавна сцена. Но сите беа изненадени од гласините дека бремената Фахрије решила да го напушти сопругот.
Како што пишуваат турските медиуми, тие минувале низ многу тежок период бидејќи Фахрије и Каран биле болни од корона вирусот и цело време биле дома, а за тоа време актерката наводно постојано се расправала со сопругот. Во еден момент, се шпекулираше дека расправијата ескалирала толку што Фахрије го кренала гласот на свекрвата Чејхан, па Бурак скокнал во одбрана на мајка си, по што актерката го напуштила заедничкиот дом.
Сепак, двојката набрзо се огласи на Инстаграм демантирајќи ги овие шпекулации со заедничко селфи на кое се гушкаат и се смеат, со порака:
- Не бидете глупави! Оставете не' на мира! Љубов до сите!
Како што пишуваат турските медиуми, Фахрије во последно време не била дома бидејќи со синот Каран престојувала во приватна клиника во Бодрум, каде претходно биле на семеен одмор. Откако мајката и синот ја напуштиле болницата, отишле во нивниот заеднички дом.
Да потсетиме, Бурак и Фахрије Евџен се заедно од 2013 година, а во 2017 година љубовта ја крунисаа со голема и романтична свадба.
извор:zenskikutakСемеен роденденски албум: Синчето на Фахрије и Бурак Озџивит наполни три години