Сопругата на Марко Булат во инвалидска количка ги загрижи сите со шокантна објава: За некое подобро утре (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сопругата на пејачот Марко Булат испрати емотивна порака и расплака многумина

Сопругата на пејачот Марко Булат, Марија, има нова објава на Инстаграм која трогна и загрижи многу следбеници.

Марија објави фотографија на која ја гледаме во инвалидска количка, а во описот напиша емотивна порака.

- Сакај ме. Помогни ми да оздравам. Излечи ме. Исцели ме. Не ме терај да го правам сето тоа сама, кога твоите раце се двојно посилни од моите. Да ме носат низ бурите, да не дозволат дождот и снегот да не ме закопаат по ќошињата. Сакај ме. И кога не се сакам себеси. И кога мислам дека никој не треба да ме сака. Кога те мразам тебе и светот во кој сум. Ќе помине. Исто како среќата кога има рок на траење, тагата има рок на траење, неволјите поминуваат и остануваат шарени виножита по обилните дождови. Тогаш јас ќе те сакам тебе. И гола. И боса - напиша Марија и додаде:

- Крвави усни од страста и мирисна коса на главата, спремна да ги почувствува твоите раце. Ќе те сакам наутро. И напладне. Ќе те сакам кога сум тука и кога ме нема. И кога не се сакаш себеси. Ќе чекам, ќе те сакам и кога ќе помине тагата. И кога има среќа, ќе се сакаме кога сѐ е убаво. И тогаш кога сѐ е мрачно. Тогаш кога облаците ќе летаат во насока во која сакаме. Кога нашите прсти се испреплетуваат во симфониите на животот и љубовта, додека среќата лебди над главата. Ќе се сакаме. Тогаш кога ќе паднеме. Потоа кога ќе станеме. Кога имаме толку многу што не знаеме што да правиме. Кога немаме ништо, и не знаеме што да правиме. Кога ќе не состават, и ќе не разделат. Ќе се сакаме. Во добро и во зло. Во секој нов ден. Во богатството. Во сиромаштија. И кога нашите тела ќе се оддалечат, нашите души ќе останат заедно. За подобро утре. Сè лошо ќе помине. Најдоброто допрва доаѓа, а тебе ти останува само едно. Сакај ме - изјави Марија Булат.

View this post on Instagram

A post shared by (@bulat.marko)


Дали овие зборови му ги упатила на сопругот, останува да видиме.

Да потсетиме, Марија Булат во јуни објави фотографии од болницата кои ги загрижија нејзините следбеници, но Марко тогаш се огласи и изјави дека неговата сопруга е дома, а не во болница.

Сопругата на Булат објави слика од болничкиот кревет со инфузија во раката, а пејачот рече:

- Потврдувам дека Марија е дома, а не во болница. Навистина не знам зошто тоа го направи, кога ќе ја видам ќе ја прашам, морам да проверам - изјави тогаш за Телеграф.

Извор: www.telegraf.rs