Сопругата на Пирс Броснан имала 135 кг., новите фотки открија дека се преполовила: Бринетата блеска, а актерот како и секогаш-вистински господин

Добивај вести на Viber

Холивудскиот актер Пирс Броснан деновиве е „фатен“ на улиците на Малибу додека со сопругата Кили Шеј Смит излегувал од познат ресторан, каде парот уживал во ручек. Познатиот шармер изгледаше одлично во лежерна, иако елегантна комбинација, успешно комбинирајќи морнарско и црно. Посебно шик детаљ беше шалот што ноншалантно го обвил околу вратот.

Меѓутоа, овој пат многу поголемо внимание привлече неговата 60-годишна сопруга. Веќе неколку недели се шпекулира дека Кили ја намалила својата фигура, а овие фотографии го докажуваат тоа.

Шармантната бринета изгледаше одлично во класичен црн костум и бела кошула, а изгледот го заокружи со црна кожна чанта и шик чевли со животински принт.

View this post on Instagram

A post shared by (@mr_rsteele)

Костумот ја истакна значително послабата фигура на Кили, а за да видите голема разлика, треба само да ги погледнете нејзините фотографии од пред само неколку месеци. Некои странски портали наведуваат дека од моментот кога била најдебела и имала 135 килограми ослабела дури 45 килограми! Иако нејзиниот процес на слабеење бил долгорочен и здрав и не се одлучила за ригорозни диети, најголемата промена се случила во последните шест месеци.

View this post on Instagram

A post shared by  (@mr_rsteele)

Да потсетиме, Пирс Броснан во неколку наврати ја бранеше Кили од критиките од јавноста за нејзината тежина. Кога еднаш го прашале што мисли за тежината на неговата сопруга, актерот саркастично одговорил: „Таа е една во милион. Многу сум среќен што ја најдов“.

„Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ќе ме погледне, таа секогаш ме соборува од моите нозе и ме прави да се чувствувам слаб во колената“, додал тој.

Во една прилика, актерот дури и призна дека не само јавноста ја коментира тежината на неговата сопруга, туку и нивните пријатели. 

View this post on Instagram

A post shared by willi_knecht (@willi_knecht)

„Пријателите дури и понудија операција за намалување на килограмите“, коментира тој и додаде дека е цврсто против тоа: „Ја обожавам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. А и затоа што е мајка на нашите деца. Во минатото навистина ја сакав поради тоа што е, не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе затоа што е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“.

View this post on Instagram

A post shared by (@mr_rsteele)


FOTO: Instagram