Сопругот лажел дека има симптоми за да ја посети: Бремена жена заразена од Ковид-19

Мора да ја сфатиме важноста на останувањето дома, тоа навистина помага во заштита од коронавирусот, кој може да се пренесе на секој.

Мора да останеме дома, дури и ако не чувствуваме симптоми, бидејќи понекогаш коронавируот може да го прележиме и од на нозе и да не сме свесни.

Минатата недела, маж од Њујорк најверојатно излажал дека нема симптоми на Ковид-19, според американски WROC. Тој излажал дека чувствува температура и има кашлица, па му била дадена можност да ја посети својата бремена сопруга во болницата „Strong Memorial“.

По породувањето, младата мајка почнала да покажува симптоми на коронавирус. Нејзиниот сопруг тогаш открил дека кога бил да ја види изминатата недела, глумел дека е во одлично здравје, иако знаел дека не е така.

Сите се сомневаат дека тој ја заразил сопругата. Сепак се уште ниту еден од родителите не е тестиран позитивен на вирусот, според „People“.

Поради ваквиот случај сега болницата воведува построги мерки за посета на пацинетите. Персоналот ќе им мери температура на посетителите пред да влезат на посета.

Ковид-19 е опасен за бремените жени, како и за оние кои штотуку се породиле. Мора да бидеме внимателни!