Сопругот обвинет за силување, а таа нападната: Сопругата на фудбалерот минува низ пекол, но тоа не е најлошото нешто што ѝ се случило

Поранешната супермоделка е во брак со познатиот фудбалер повеќе од пет години, а деновиве се најде во многу тешка ситуација.

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш (39) неодамна се најде во притвор, бидејќи 23-годишна девојка го обвини за силување, а сега неговата сопруга е колатерална штета на овој страшен случај.

Како што опиша жртвата, спортистот наводно ја малтретирал на 30-ти декември минатата година во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона, а два дена подоцна го пријавила во полиција.

View this post on Instagram

A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)


Дани Алвеш потоа неколку пати го менуваше исказот, па истражниот судија во Шпанија одлучи да го задржи во притвор. Додека жртвата давала идентична изјава во полиција и суд, фудбалерот за три дена дал три различни изјави: од тоа дека ништо не се случило и дека не ја познава, до тоа што на кратко се сретнале во тоалетот, до тоа дека имале односи со нејзина согласност.

Исто така, извори блиски до инцидентот открија за шпански „Периодико“ дека Дани Алвеш ѝ пришол на девојката, а нејзините пријатели рекле дека тој „цврсто ја држел за рака и барал да ја допира по меѓуножјето, двапати, иако таа давала отпор“.

Наводно, фудбалерот потоа ја одвлекол девојката во тоалетот, каде што ја затворил вратата и не ја пуштил да излезе, по што, тврди овој весник, следело силување.

На Дани му се заканува затворска казна од четири до дванаесет години, а неговата сопруга Џоана Санз е во многу тешка ситуација. Откако нејзиниот сопруг, со кого е во брак од 2017-та година, беше уапсен, таа призна дека се чувствувала многу лошо бидејќи мајка ѝ починала неколку дена порано, поради што ги молела сите да ја остават на мира.

- Ги замолувам претставниците на медиумите кои се пред мојата куќа да ја почитуваат мојата приватност. Мајка ми почина пред една недела - изјави таа по апсењето на нејзиниот сопруг.

Таа истакна дека наеднаш изгубила две важни личности во животот и побара малку сочувство.

„Само што почнувам да сфаќам дека таа повеќе не е тука и веќе почнаа да ме мачат со ситуацијата на мојот сопруг. Ги изгубив сите столбови од мојот живот. Имајте малку сочувство наместо да барате вести во туѓата болка. Ви благодарам.“

View this post on Instagram

A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)


Јоана Санз потоа избриша фотографии од Дани Алвеш од Инстаграм, а не крие колку ѝ е тешко.

- Срце мое, можеш ли да поднесеш толку болка? – напиша убавицата пред неколку дена.

Овие околности не само што се тешки за Јоана, туку луѓето на Инстаграм ја малтретираат со брутални пораки. 

Точно, пред да биде уапсен Дани Алвеш, Јоана рече дека тој никогаш не се однесува со непочитување кон другите.

- Знам кој е мојот сопруг и знам дека кон сите се однесува со почит. Дури и кога ме запозна, не покажа никакво непочитување. Многупати видов како жени му приоѓаат на мојот сопруг во ВИП соби, обидувајќи се да го заведат пред мои очи – изјави таа, но набрзо ги избриша сите негови фотографии од својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)


Некои фанови кои го поддржуваат Алвеш ѝ напишаа на Јоана дека таа е „стаорец кој го напушта бродот што тоне“ затоа што не застанала на страната на нејзиниот сопруг.

Инаку, Јоана е многу популарна шпанска манекенка, која во текот на својата кариера соработувала со многу познати брендови, од кои „Џими Чу“ и „Ив Сен Лоран“ се само неколку од нив. На Инстаграм ја следат повеќе од 900 илјади луѓе, а има освоено многу награди во областа на манекенството.

Пред неколку дена се огласи и Дана Динора, поранешната сопруга на Дани Алвеш, со која има две деца. Таа, според своите изјави, е на негова страна.

- Немав пристап до него. Знам дека е тажен, но добро е и ќе направам сè што треба да му помогнам - изјавила таа за „Телесинко“ и додала дека на нејзиното семејство не му е лесно.

- Ова е шок за моите деца, кои се тинејџери, им е многу тешко - рече Дана и додаде дека е сигурна дека Дани Алвеш е невин.

- Дани никогаш, никогаш, никогаш не би го направил ова. Ова ви го кажувам затоа што го познавам 22 години и сум во брак десет години со него. Мислам дека ова е кошмар, невозможно е ова да се случува – рече таа.

Извор: glossy.espreso.co.rs