Сопружници со четиримесечно бебе дознале дека добиле отказ во исто време: Гугл ги известил преку е-пошта

Добивај вести на Viber

Иронично, дарежливото родителско отсуство било тоа што ги привлекло и неа и нејзиниот сопруг во компанијата

Маж и жена со четиримесечно бебе се меѓу многуте погодени од отпуштањата во „Google“ во петокот, пишува „businessinsider“.

„Google“ во петокот објави дека планира да отпушти 12.000 вработени или приближно 6 отсто од својата работна сила. Партнерите во исто време дознале за отказот.

Нивната приказна датира од средно училиште, а пред шест години решиле да се преселат во Калифорнија за Али. Две години подоцна, и Стив се вработил во Гугл.

Додека Али работеше како маркетинг менаџер, Стив беше шеф на истражувачките операции.

Минатата година Али го роди своето прво бебе, а планираше да биде на породилно отсуство вкупно осум месеци, додека Стив зеде два месеци одмор на крајот на годината и требаше уште два од март.

Сепак, и двајцата беа изненадени од отказот преку мејл.

Одлуката на технолошката компанија да ја намали својата работна сила не е нова, бидејќи минатата година беше обележана со масовни отпуштања на „Twitter“ и „Meta“, порано „Facebook“.

Друга поранешна вработена во „Гугл“ за „Инсајдер“ изјавила дека добила отказ ден пред да оди на породилно отсуство.

Во колективната тужба против „Твитер', поранешните вработени ја обвинија компанијата дека го прекршила Законот за семејно и медицинско отсуство, меѓу другото, со отпуштање работници на или кои наскоро ќе бидат на родителско отсуство.

Али вели дека „Google“ вложувал многу време и пари во своите вработени. Иронично, дарежливото родителско отсуство било нешто што ги привлекло и неа и нејзиниот сопруг.

За среќа, тие работеле и на своите бизниси во исто време, но не сите имаат таква среќа меѓу погодените од масовните отпуштања.

И „Амазон“ најави отпуштања на повеќе од 18.000 работници.

Извор: biznis.telegraf.rs