СОВЕТИ ОД ИТАЛИJAНКИТЕ: Kaко да изгледате убаво?

Добивај вести на Viber

Италијанките ги споделуваат нивните совети за тоа како жените да изгледаат убаво. 

Една од најславните и најубавите Италијанки, актерката Софија Лорен, е позната по тоа што го мачкала целото тело со маслиново масло. Италијанките сакаат да го ставаат маслиновото масло и на врвовите од косата по долга и топла бања што на косата ѝ дава посебен сјај. Маслиновото масло има и лековити својства, а Италијанките го користат дури и за лечење на конјуктивитис.

Италијанките се свесни дека брчките ќе им се појават кога-тогаш, па затоа не се плашат да уживаат во сонцето. Но, тоа важи само за вистинското сонце, не и за солариумот, а кожата секогаш ја заштитуваат со креми со висок фактор.

Италијанките се убедени дека стресот е најголемиот непријател на убавината и уверени се дека преголемиот стрес прави да изгледаме постари и поуморни. 

Тие сакаат да имаат нежна и мека кожа, а најмногу време од секојдневната рутина за разубавување трошат на хидратацијата. Тие се масираат од глава до пети со путер за тело и на тој начин ја одржуваат влажноста на телото, но и се релаксираат. 

Италијанките обожаваат да ги користат боите за да ја нагласат својата убавина, без разлика дали се работи за нокти обоени со црвен лак или за розови усни. Жените во Италија  нанесуваат малку шминка, затоа што сакаат кожата да им дише.