Совршена можност за оние кои најмногу Ви значат, КАСИЧКА-детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот

Добивај вести на Viber

Секој од нас барем еднаш се запрашал, кој е подарокот кој би се помнел и како можеме да бидеме сигурни дека сме го одбрале она вистинското за оние кои најмногу ни значат. Обезбедувањето среќно детство за нашите најмали е мотивот кој не води кон размисли како да обезбедиме стабилност на нашите идни генерации и колку е сигурно она кое го создаваме денес, но секогаш во нас постои мала неизвесност и прашања дали иднината ќе им донесе потешкотии или некакви непријатности.

Финансиската стабилност на нашите деца е меѓу најважните работи, па затоа ние со нашиот производ Касичка успеавме да обезбедиме безгрижност кај многу наши семејства и се доближивме до многу осигуреници кои во Триглав Осигурување Живот препознаа пријател и ни ја дадоа својата доверба.

Касичка е веќе синоним за обезбедување на сигурна иднина, а посебноста на овој производ е што е модифициран според сечија потреба па така можноста за инвестирање, штедење и осигурување со различни опции e согласно можностите и планираниот буџет за инвестирање. Детското осигурување со штедење е совршен подарок за оние кои најмногу ни значат, а најголема е придобивката што договорувачот има можност осигурувањето да го подмирува на месечни рати.

Производот нуди огромен број на предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации, а производот е комбинација на штедење и осигурување кој покрај полисата за животно осигурување загарантирана е сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителниот период, нашите деца ги добиваат средствата во висина  која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат можноста да користат осигурување. Со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 0 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години, а при несакан штетен настан на оној кој  ја склучил полисата за осигурување, а по изминати само две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот заосигурување ја презема Триглав осигурување Живот.

ПР објава