Спа центар, ексклузивен мебел, базен на катот од вилата: Цеца ја реновира куќата на Кипар, а еве кој ѝ помага

Фото: tv pink printscreen/instagram

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ наводно ја реновира прекрасната куќа во Аја Напа и прави спа центар за себе и за своите гости.

Пејачката наводно воведува новитети во својата вила на Кипар. На горниот кат од вилата ќе има мал базен, две џакузи и соба за масажа, пишува српски „Информер“.

Светлана Цеца Ражнатовиќ наводно вложила многу пари за да ја средува луксузната вилата од 400 квадрати.

- Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Планира целосно да ја промени, до најситен детаљ. Ќе гради третиот кат, каде што ќе направи спа центар! Ќе постави џакузи, од кое ќе има директен поглед кон морето, како и сауна. Таа побара да ѝ се изгради посебна просторија за масажа - вели добро упатен извор.

Фолк ѕвездата наводно планира многу промени во својата летна резиденција, но засега нема да го допира базенот што го има во дворот.

- Огромен е и целото семејство може да плива во него. Вељко и Анастасија обожаваат да се капат и сончаат овде, а откако Цеца го доби внукот Жељко, најмногу се дружи со него. Сепак, бидејќи нејзиниот двор е простран, таа ќе додаде уште едно џакузи покрај базенот - заклучува изворот.


- На приземјето ќе има огромна дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да ја посетува куќата и во зима, а не само во текот на летото, како што правеше досега. Горе, секоја спална соба ќе има своја бања по реновирањето. Вилата ќе има и вграден лифт, кој ќе ѝ помогне на Цеца полесно да се движи низ куќата - вели изворот и додава дека Ражнатовиќ е целосно посветена на уредувањето на величествената вила:

- Цеца не сака ништо да препушти на случајноста. Веќе со недели прелистува каталози и избира плочки, паркет, столарија, ексклузивен мебел... Сето тоа ќе има време да го купи до крајот на летото, бидејќи работите ќе почнат наесен. Дотогаш ќе добие уште некои градежни дозволи кои ѝ се потребни.

Нејзината кума Вики ѝ помага


Фолк ѕвездата наводно ја ангажирала компанијата на нејзината кума и колешка Вики Миљковиќ да ја реновира вилата на Кипар. Целиот концепт го смислиле заедно, а во сè им помогнала сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ.


Извор: www.kurir.rs