Спајс Грсл како суперхеројки: Познатата женска музичка група ќе снима нов филм

Добивај вести на Viber

Иако се уште не се знае многу за деталите за фимот кој се снима за некогашната многу популарна женска музичка група „Spice Girls“, засега е сигурно дека во него ќе се појават сите 5 членки на групата, вклучувајќи ја и најпопуларната членка на бендот, Викторија Бекам.

Новиот анимиран филм за легендарните „спајсици“ не враќа во далечните деведесети и во едно друго време во кое се актуелни и некои други музички жанрови, други модни комбинации и потполно друга музичка поставеност пред јавноста, меѓу кои и оваа позната петорка.

Во филмот станува збор за музички квинтет кој се обединува како суперхерои.

Бекам, заедно со Ема Бантон, Мел Си, Гери Халивел и Мел Би, ќе го позајмат својот глас во филмот. Филмот би требало да се појави во текот на 2020 година, а обработката на филмот ги опфаќа сите важни детали кои ја одбележаа кариерата на оваа позната група.

Познатата женска петорка нема работено заедно од филмот „Spice World“ (1997 година), во кој се зборуваше за нивните заеднички патувања, слави и сето тоа што таа им го донесе, но и за животот на членките од оваа најпопуларна женска група на светот.

Групата е моментално на британска турнеја на која само Викторија Бекам не се придружи, но затоа пак ги поддржа и најави дека можеби ќе се појави на некој од крајните настапи.