Специјален пакет за операција на лумбална дискус хернија со 20 отсто попуст
Многу често луѓето се жалат на болки за време на стоење или одење, во пределот на слабината и ногата, а дел од болките се толку нетолерантни што можат сериозно да го нарушат квалитетот на живот. Доколку се јавува и вкочанетост, чувство на трнење, топли-ладни бранови по ногата, паднато стапало, ограничени движења во долниот дел од грбот, проблеми со контрола на мокрење, неврохирурзите овие симптоми ги препишуваат на изместување на меѓупрешленските дискуси од своето лежиште, а често се должи и на седечкиот начин на живот.Оваа состојба доведува до притисок врз нервните корени и до појава на некои од горенаведените симптоми. За среќа, модерната медицина има оперативно решение за голем дел од овие состојби кои се јавуваат кај голем процент од населението. За да им излезе во пресрет на пациентите, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ подготви специјален пакет за операција на лумбална дискус хернија со 20% попуст по цена од 2.420 евра за едно ниво, и цена од 2.960 евра за пакетот на две нивоа. Во пакетот е вклучен микрохируршки третман со поддршка на невромониторинг за безбедна интервенција, болнички престој, физикална терапија – 10 третмани. Промоцијата важи од мај до август. За да закажете консултација или термин, јавете се на 02 30 99 500.
-0:10
Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, на Одделот за неврохирургија овие интервенции ги предводат еминентни неврохирурзи, кои зад себе имаат повеќе од 30 години искуство во оваа област. Во тимот доктори се истакнатите специјалисти по неврохирургија – проф. д-р Кирил Лозанче, д-р Љуљзим Агаи, проф. д-р Слободан Дамјановски и д-р мед. науки Миленко Костов.
ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА
Дисектомија е хируршка процедура со која се отстранува оштетениот дел од дискусот. Постојат неколку техники, но во последните години кај нас се применува минимално инвазивна отворена хирургија, со користење микроскоп за подобра визуализација. Предноста на овој метод е тоа што се прави помал рез, заздравувањето од операцијата е многу побрзо и пациентот за кратко време си оди дома. Оваа интервенција се изведува за да се намали притисокот што го прави испакнатиот диск врз нервите. Вашиот доктор може да ви ја препорача оваа интервенција и ако имате проблеми со стоење или одење, не чувствувате подобрување на ефектите по конзервативниот третман, имате проблеми со мокрењето, неподнослива болка во нозете и/или долниот дел од грбот.
ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА
Пристапот се изведува во општа анестезија со претходен преглед и иследувања, кои ќе ја потврдат физичката подготвеност на пациентот. Следниот ден по приемот во болница се изведува оперативниот зафат, кој го изведува тим од неврохирурзи со специјален микроскоп кој овозможува максимална прецизност. Потребното ниво се одредува со рендген-апарат во операционата сала на самиот почеток од операцијата, а доколку има потреба, се употребува и во текот на целата операција. На тој начин, значајно се намалува ризикот од погрешни манипулации. Се прави рез на кожата од 3-4 сантиметри. Понекогаш се вади дел од коскеното ткиво за подобра визуализација на дискусот без да се оштети нервниот корен. Откога добро ќе се визуализираат ламините на вертебрата, дискусот и околината, се отстранува делот од дискусот кој се поместил од дискалниот ѕид, но и други делови што излегуваат од дискалниот простор. Во тој дел од операцијата во нашата болница, рутински користиме оперативен микроскоп со кој се овозможува подобро осветлување и поголемо зголемување на видното поле. Со тоа се овозможува подобра заштита на нервниот корен. Секоја хируршка интервенција, особено неврохируршката, е ризична интервенција бидејќи може да настанат ненамерни оштетувања на нервните структури. За да се спречат овие последици, со помош на невромониторингот може да се разграничат делови кои контролираат витални функции, како и движењето, а и да се спречи нивна повреда при операција. Затоа пред операцијата се поставува невромониторирачки систем од страна на невролог и асистент.
4 НЕДЕЛИ ПО ИНТЕРВЕНЦИЈАТА, МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИТЕ НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ
По интервенцијата, на пациентот му сугерираме рано движење, околу 6 часа по процедурата. Веќе следниот ден нашите физијатри почнуваат со работа и му ги објаснуваат на пациентот општите мерки при движење, качување по скали, седење, станување од автомобил и кревет. Пациентот добива и инструкции за вежбање по дома. Откако ќе си замине од болницата, а тоа е најчесто по 24-48 часа од операцијата, може да има мали рестрикции како: седење пократко време, подигање предмети не потешки од 2 кг, избегнување прекумерно истегнување во првите 4 недели по операцијата. Повеќето пациенти може да се вратат на својата работа за околу 4 недели. Оние со потешка работа, со подигање тежок товар или јаки вибрации, се враќаат на работното место по 8 недели.
ПР објава