Списание „Чувари на мудроста“ за секојдневие исполнето со убавина и мудрост

Предлози за прошетки, екскурзии, патувања, книги за читање, крстозбор, вкусни рецепти и многу други содржини се најдоа во списанието „Чувари на мудроста“ чие прво издание излезе деновиве. Списанието е дел од поголемата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, посветена на повозрасната популација, но и на кревање на свесноста за важноста на луѓето кои нè пораснале и од кои многу сме научиле.

На списанието внимателно работеше професионална новинарска екипа со цел да обезбеди содржини во кои повозрасната публика ќе може да најде убавина и релаксација и содржина со која со радост ќе го исполни своето секојдневие. Меѓу убавините на Македонија, ги потсетивме на пештерата Пешна, на најмалиот етнолошки музеј на светот во Џепчиште, Музејот на тутунот во Прилеп, Музејот на виното во Демир Капија,но и убавините на туристичката дестинација Анталија, во Турција. Исто така, за вредните домаќинки и домаќини предложивме неколку интересни рецепти.

Со тиражот од 2000 примероци списанието ќе биде дистрибуирано до сите повозрасни граѓани кои што ја користат услугата на Халкбанк – Пензија до дома, преку АД Пошта, а ќе биде достапно и во филијалите на банката.

-Списанијата некогаш биле наше секојдневие, денес сè поретко се тоа. Во Халкбанк имавме желба носталгично да се потсетиме на оваа убава навика, да прочитаме весник, да нурнеме во богатите содржини и да испиеме топол чај или кафе. Подготвивме содржини кои на нашата повозрасна публика ќе им понудат четива корисни за нивното слободно време. Како да го поминат викендот, што да прочитаат, каде да прошетаат. Ветуваме уште многу вакви изданија, во кои нашата публика ќе ужива – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк.

Во списанието се опфатени и моменти од дружбите реализирани изминатите месеци, како што беа спомените создадени со внуците за време на проекциите на филмови во Скопје и Битола, како и неколкуте игранки низ Македонија, на кои пензионерите се дружеа со пејачката Блага Петреска.

Оваа платформа ќе нуди уште многу изненадувања и програми, за кои повеќе информации може да проследите на веб-страницата www.cuvarinamudrosta.mk


ПР објава