Спомени од едно неповторливо време: Ребека се потсети на патувањето во Австралија со Тоше, Андријана и Каролина

Добивај вести на Viber

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“ , Ребека Јанковска-Ристески со ретко фотки се потсети на едно далечно и убаво време, поминато со нејзините блиски пријатели Тоше Проески, Андријана Јаневска и Каролина Гочева.

„На Олимписките игри во Сиднеј, 2000“ - напиша Ребека на видеото кое го сподели на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Rebeka Jankovska Risteski (@rebekamakedonija)



Фотографиите со кои е создадено видеото се направени пред 24 години, и истите се доказ колку убаво се дружеле некогаш заедно на турнеја пејачите, меѓу кои е и непрежалениот Тоше.


Ист еден таков спомен неодамна сподели и Андријана Јаневска.

View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska)




Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше.  Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“ - напиша Андријана .