Сопругата на Огњен Амиџиќ не може повеќе да го трпи понижувањето: Мина очајна – „Се срамам поради вас“

Добивај вести на Viber


Мина Наумовиќ им возврати на хејтерите!

Мина Наумовиќ, сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, неодамна стана мета на остри критики на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед. Иако во неколку наврати потенцираше дека нема направено естетски корекции, корисниците на социјалните мрежи не поверуваа на нејзините зборови. Критиките зачестија, поради што Мина објави дел од навредите кои стигнуваат на нејзина адреса и тоа на својот Инстаграм профил. Сепак, овој потег резултираше со дополнителни проблеми, бидејќи некои корисници го пријавија нејзиниот профил за вознемирувачка содржина.

Откако стана мета на осудувачки коментари на социјалните мрежи, Мина Наумовиќ јавно проговори, истакнувајќи дека навредите и се срам и дека се срами наместо оние кои ги упатуваат. Таа се осврна на своето потекло и воспитување, нагласувајќи дека потекнува од семејство со јасен вредносен систем во кој материјалните работи никогаш не биле пресудни. Таа нагласи дека од мали нозе работела за да заработи „џепарлак“, а семејството и воспитувањето играат клучна улога во формирањето на нејзините вредности. Таа рече дека е свесна оти многумина немале таков убав живот, но дека е важно да се обидеме да излеземе од негативноста, наместо другите да ги вовлекуваме во „канализација“.

-Тие епитети што ми ги придаваш … Јасно ми е дека тргнуваш од себе. И јас се срамам, наместо тебе. Но, тоа секогаш е случај со будалите. Имам доволно среќа да потекнувам од семејство каде што, покрај тоа што имав сè што сум сакала во материјална смисла, имав многу јасен систем на вредности поставен до седумгодишна возраст, така што ништо материјално никогаш не можеше да ме импресионира – напиша таа па додаде:

- Моите баба и дедо, како и моите родители се образовани, чесни и многу успешни луѓе во своите области. Моите браќа и јас бевме воспитани и поучени на вредностите по кои тие самите се водеа. Ми дадоа се, но и ме научија дека ништо не паѓа од небо. Една од моите први работи беше во канцеларијата на мајка ми, за месечна плата. Така заработив џепарлак. Оттогаш не сум имала ниту ден „неактивен“. Но, тоа е веќе премногу информации за вас. Јасно ми е дека немаше кој да ти даде корени и немаше крилја. За жал, тоа е привилегија на малкумина. Но, поентата не е да се обидуваш да внесеш други во твојата канализација, поентата е да се обидеш да излезеш од неа. Ако веќе ја сакате мојата реакција – ова е мојот совет, од сè срце – напишала Мина.

Фото:Инстаграм