Србија тоа го прави вака: Кај нас уште свечени фустани што не почнале да носат на училиште

Добивај вести на Viber

Во соседна Србија се заоструваат мерките кога е во прашање облекувањето на училиште или во гимназија. Дури некои установи ги воведоа познатите „кецељи“ се со цел да не се создаде класна разлика и да не се претера со изгледот. 

Еве како тоа го реши со правила „XIII beogradska gimnаzija“

Кодекс на облекување за новата учебна година

Забрането е да се доаѓа на училиште облечен непристојно, што значи:

во шорцеви или бермуди, мини здолништа, хеланки, тренерки, кроп топови кои го откриваат стомакот, панталони. Качулки се исто така забранети.

Учениците кои ќе дојдат на училиште непристојно облечени прво ќе бидат опоменати двапати, а потоа ќе им биде намалена оценката.