Србинка од Панчево заведе Американец, тој ѝ направи дете, па побара ДНК тест и ја натера да абортира: Успеа во тоа што никој не умеел

Добивај вести на Viber

Данијела од Панчево, која е во брак со кошаркар, денес живее среќно и исполнето, а успеала да добие сѐ што сакала

Данијела Рајиќ е една од попознатите Србинки кои се омажиле во Америка и таму го изградиле своето љубовно гнездо. Таа е родена во Панчево, додека во Америка работела како го-го танчерка, иако некои медиуми во САД тврдат дека работела и како стриптизерка на Флорида, во моментот кога таа и Џорџ се запознале при неговата посета на Мајами.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela George (@danielarajic)


Нејзината љубовна врска со НБА ѕвездата Пол Џорџ ѝ донесе светска популарност. Двојката денеска ужива во среќен брак, а интересно е што дури неодамна зачекорија на „лудиот камен“.

Двајцата набрзо почнале да се гледаат, а по неколку месеци раскинале. Но, Даниела останала бремена и тврдела дека детето е негово, додека тој станал многу сомнителен. Кога Рајиќ роди девојче по име Оливија, беше направен ДНК тест и беше потврдено дека Пол Џорџ сепак е таткото на девојчето.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela George (@danielarajic)


Сепак, на нивните скандали им немаше крај. Набрзо се дозна дека Пол ѝ нуди на Данијела милион долари за да абортира. Потоа започнаа мачните судски постапки, а Пол сакаше да го преземе старателството над девојчето.

Сепак, парот успеа да ги реши сите несогласувања и да ги закопа секирите, по што почнаа да живеат заедно. Во меѓувреме добија две деца, а љубовта ја крунисаа со брак. Свадбата се одржа на интимна церемонија во Италија.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela George (@danielarajic)


Инаку, Данијела денес е многу успешна во својот бизнис, а има и своја колекција на костими за капење. Поради нејзините заносни облини, често ја нарекуваат српската Ким Кардашијан.


Извор:stil.kurir.rs