Срцето му било скршено: Животот на спортистот чија смрт го шокираше светот го одбележа љубовта со една од најубавите жени

Добивај вести на Viber

На познатиот спортист Шејн Ворн, кој изненадно почина на Тајланд, една жена му го одбележа животот...

Австралискиот спортист, играчот на крикет Шејн Ворн почина на 4 март, а како што се наведува и претпоставува, смртта настанала како последица од срцевиот удар кој го доживеал за време на одморот во својата вила во Тајланд.

Шејн Ворн е роден на 13 септември 1969 година, а неговата кариера траеше дури 23 години: од 1990 до 2012 година. Освен што беше познат по своите големи спортски успеси, неговиот живот го одбележа и љубовната приказна со актерката Елизабет Харли, кој и ден-денес важи за една од најубавите жени на светот.

Тој во 1995 година се ожени со Симона Калахан, а во брак беа 10 години - до 2005 година. Заедно добија три деца, а својата љубов ја обновуваа и по разводот. Меѓутоа, бидејќи Ворн беше голем заводник, во една прилика на сопругата ѝ ја испратил пораката коа била наменета за друга жена. Тогаш и засекогаш се разведоа.

Сепак, во 2010 година започна романса која го одбележа неговиот живот. Спортистот беше фотографиран со актерката Лиз Харли, а фотографиите од нивните бакнежи ги преплавија медиумите. Набрзо на Твитер објави дека завршил со поранешната сопруга, а од тогаш сите пишуваа за неговата врска со Лиз.

Дури и се верија во 2011 година, а заедно беа три години.

Тој дури минатата година собра сила за да зборува за крајот на врската со Елизабет Харли.

„Многу сум тажен што таа врска пропадна, уште ми значи. Елизабет е прекрасна личност. Не ја запознавав со своите деца сѐ додека не сфатив дека тоа е вистинска љубов, а не само шега“ - кажа покојниот спортист за американските медиуми.

Тогаш многумина помислија дека двојката е повторно заедно, но тие тоа го демантираа.

И нивните деца останале блиски и го продолжиле дружењето, а поранешната двојка останала во контакт и по раскинувањето на веридбата.

„Срцето на Шејн беше скрено откако остана без Лиз и јасно е како ден дека ниту една жена не можеше да ја замени“ - зборуваа неговите приајтели.

Инаку, Елизабет на својот Инстаграм профил за последен пат се поздрави од својот поранешен љубов, со неколку нивни заедни фотографии:

View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)


фото: Принтскрин / Инстаграм