Средба со холивудската ѕвезда Натали Портман: Првата дама на Македонија во Њујорк заедно со неа во дискусија за насилството врз жените

Добивај вести на Viber

Елизабета Ѓоргиевска првата дама и сопруга на петседателот Стево Пендаровски во рамки на активностите поврзани со Самитот за Целите за одржлив развој (#SDGs), при Генералното Собрание на ОН, учествуваше во „Спотлајт („Spotlight“) иницијативата за елиминирање на насилството врз жените и девојките“.

Таа имаше можност да биде на иста маса со познати дами, а една со која поразговарала е и познатата актерка Натали Портман.


Како што соопшти Елизабета на Инстаграм, со Натали Портман разговарала а таа како актерка е и застапничка за елиминирање на насилството врз жените и девојките, која посветува голем дел од своето време за поддршка на оваа наша заедничка кауза. 

„Мора да се стави крај на насилството врз жените, со кое на милиони жени и девојки практично им се негираат основните човекови права и можноста активно да придонесуваат во општеството и заедницата.

Глобално, една од три жени е жртва на насилство, а во проценките на иницијативата, до 2025 година, дневно животите на најмалку две жени и девојки би биле спасени. Ваквите негативни трендови не изостануваат ни во Република Северна Македонија. Затоа, потребно е многу повеќе работа и дела наместо реторика.

Целта на „Спотлајт („Spotlight“) иницијативата до 2030 година е да превенира насилство за повеќе од 70 милиони жени, да помогне на над 15 милиони девојки да останат во училиште и дополнителни 30 милиони девојки да се вклучат во образовниот процес“ 

Ние, жените водиме битки на неколку фронтови, образование, репродуктивно здравје, економска независност, еднакви плати итн., затоа што напредок на жени насекаде, ќе значи и напредокот на државите, вклучително и нашата“, пишува првата дама.

View this post on Instagram

A post shared by Elizabeta Gjorgievska (@elizabetagjorgievska)