„Среќен роденден најдрага моја Јасминке“: Боки 13 не штеди зборови кога се работи за оваа жена во неговиот живот (ФОТО)
Бојан Јовановски кој јавноста го знае како Боки 13, никогаш не се срами јавно да искаже мислење или став, а така е кога треба да испрати и порака за некоја драга личност.
Така беше и овој пат кога преку социјалните мрежи и честиташе роденден на неговата мајка.
Објавувајќи две фотографии на кои позира со мајка му, скоцкан од глава до пети, Боки напиша:
„Не постои на светот љубов како мајчината!!!
На овој светол ден на Св.Петка, родена е мајка ми која е најхрабрата жена која сум ја запознал! Таа со својот непокор, сила, љубов е мојата единствената вистинска безрезервна поддршка!
Ти благодарам Господе што повторно можеме да славиме заедно!
Среќен роденден најдрага моја Јасминке, те сакам до бесконечност“ - стои во објавата на Инстаграм.
фото: инстаграм