„Среќен роденден планинска кралице“: Илина Арсова наполни 42 години
Македонската планинарка, скијачка и ликовна уметница, Илина Арсова славеше роденден.
„42 години искуство“, напиша покрај објавата Илина, на која таа носи црвено бикини, откривајќи го своето извајно тело.
Таа редовно вежба и тоа многупати го покажала на социјалните мрежи, па токму затоа и на нејзините стомачни мускули и обликувано тело може да ѝ позавидат многу дами помлади од неа.
Инаку, таа последните две години е на релација САД - Македонија. Арсова беше докторант на Универзитетот во Тенеси, но и работеше таму. А кога има слободно време се враќа во родната Македонија.
Иако имаше постигнато многу успеси професионално, сепак публиката најмногу ја запозна како девојката на Игор Џамбазов. Но, далечината беше пречка за големата љубов која ја имаа со шоуменот. Тој жалењето по неа го нарече „Илионопатија“, а откако раскинаа двајцата не кажаа ниту еден лош збор еден за друг.
А во нејзиното последно интервју за Женски магазин, Илина изјави: „Една од потешките лекции е човек да научи да сочувствува, да ги разбира другите такви какви што се и да не суди никому освен себеси.
Ме растажува помислата за ваквото постоење на поединци, особено кога таквите ни ја водат државата или се претставници на високо раководни позиции. Токму затоа и го објавив постот бидејќи човекот што ме навредуваше и колнеше за тоа што немам деца според она што му пишува на профилот е вработен во министерство за ПРАВДА! Ако е вработен „по струка“ и ако навистина толку се засега за мојата иднина има начин како да се обрати и праша во што е проблемот“, целото интервју прочитајте го ОВДЕ.
Фото: Инстаграм - Илина Арсова/Женски магазин - архива
Р.Ж.М