Актуелно // Insta вести
„Среќна годишница љубов моја“: Павле Камиловски и Ирина слават една година брак
- 24 Февруари, 2024
Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска прославија годишница од брак.
Парот минатата година направи свадба со сите адети. Одење по невестата, венчавка во соборниот храм „Св. Климент Охридски“, а потоа свадбена прослава во познат скопски ресторан.
„Среќна годишница љубов моја“, напиша Павле.
Парот во јуни го доби син. Го крстија Јосиф, по таткото на Павле.
Фото: Инстаграм