Откако на својот Инстаграм профил објави романтична фотографија од Мајами на која е во прегратка со непознат маж, пријателите постојано ѝ честитаат на Елена Ристеска. "Ова е почеток на нова ера, на една приказна без крај, приказна за вистинската љубов. Со активирање на твоите сетила и твојата интуиција ќе го најдеш вистинскиот", напиша пејачката. По оваа нејзина објава, ја контактиравме за изјава.
„Во Мајами сум поради посебна причина, подобра не можеше да биде. За сега, деталите ќе ги задржам за себе. Наскоро ќе објавам за што се работи. Како и да е, премногу сум среќна и возбудена", изјави за Женски магазин поп-ѕвездата.
М.Џ.