Среќо моја, уживај во љубовта: Ели Танасковска со емотивна порака за ќерката
Водителката и уредник во културно - уметничката програма на МТВ, Ели Танасковска е мајка на две ќерки и како што вели со двете има одлична комуникација и блискост.
„Среќа моја. Радост моја голема. Од првиот момент ми го направи животот полн со сончева светлина. Со радост најголема. За тебе нема препреки, само предизвици. Чекори и понатаму со сигурни чекори низ животот. Нека биде цела среќа во тебе и уживај во љубовта“, напиша Танасковска лани на роденденот на помалата ќерка Леона.
Ели откри дека првото кафе го пие токму со неа, а дека и вечерта и завршува во кругот на семејството. „Навечер, се собираме дома и имаме некоја семејна игра. Стефан, момчето на Леона не дружи секоја вечер и имаме забава!“, ни откри популарната водителка.
Поголемата ќерка Симона, долги години живее во Канада и има ќерка по име Изабела, која судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, обожава да се дружи со баба си.