Српската актерка воодушевена од Охрид: Слобода Миќаловиќ уживаше во прошетка на кајче, и го посети манастирот Св. Наум Охридски
Српската актерка Слобода Миќаловиќ, која македонската јавност ја памети по улогата во телевизиската српска серија „Ранетиот орел“, но и по улогата на Васка од серијата „Зоне Замфирова“, денес слави роденден.
Актерката изминатите денови престојуваa во Македонија, односно во македонскиот бисер на Балканот, Охрид.
Поводот за посетата на Миќаловиќ во Охрид e учеството на најголемиот културен фестивал во нашата земја „Охридско лето“. Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“, свечено ќе биде затворен фестивалот. Режијата на претставата е на македонскиот режисер, Александар Поповски.
Очигледно дека актерската екипа, е воодушевена од Охрид.
Конкретно актерката објави неколку фотографии од црквата Св. Наум, изворите на Црн Дрим. Актерката ја доживеала и уникатната прошетка на кајче низ изворите додека ужива во мирот, живописната природа и преубавата боја на изворите.
Фото: ИнстаграмРЖМ