Српската пејачка сподели фотографија од детството - Дали знаете кој е тоа?
Пејачката Јелена Карлеуша ги трогна своите фанови со емотивна фотографија од детството додека прославуваше еден од своите родендени. Тaa седи во скутот на мајка си Дивна, а до неа е нејзиниот татко Драган.
- Една од ретките слики со мама и тато заедно - напиша Јелена во описот на фотографијата и дополнително ги разнежни своите следбеници.
Пејачката се плашела од развод
Родителите на Јелена се венчале во 1977 година, а нејзината мајка Дивна тогаш имала само 19 години и била студентка по право. Една година подоцна ја добија ќерката Јелена, а се разведоа кога пејачката беше девојче.
Таткото на Карлеуша, Драганинаку криминален инспектор, од вториот брак добил два сина, додека мајка и Дивна немала никој освен Јелена. Нивниот развод тешко ја погодил пејачката, а Јелена се уште се плаши од распад на семејството.
- Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Јас тоааби го доживеала како неуспех. За доброто на Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство во себе - изјавила пејачката во едно интервју.
Мајката на Јелена, Дивна почина во март 2019 година. Таа беше најважната „фигура“ во животот на пејачката.
-Како една ќерка бев исклучително приврзана за неа. Губењето на мајка ми беше реализацијата на мојот најголемиот страв во животот. Дивна почина, да биде уште полошо, тоа ми се случи во период кога мене лично и професионално ми беше најтешко и кога целиот свет ми се уриваше, и тоа јавно, на сите насловни страници. Како животот да го смислил најлошото можно сценарио, за да види како игра глушец на најтопла рингла. Вака мачат животни во експерименти – се присетила Јелена на почетокот на 2019 година, кога остана без мајка по наводната афера со фудбалерот Огњен Врањеш.
Фото: Инстаграм
Извор: www.24sata.hr