Српскиот шминкер се трансформираше во Ведрана Рудан, а таа веднаш се огласи: Еве како го коментира видеото кое не престанува да се гледа

Добивај вести на Viber

„Ова е најсилната трансформација за мене. Неповторливата Ведрана Рудан“, напиша шминкерот и инфлуенсер Стефан Суботиќ пред неколку дена на Инстаграм. Резултатот од таа трансформација им се допадна на многумина, а потоа реагираше и познатaта авторка. Суботиќ е познат по трансформациите со шминка, благодарение на кои многу брзо „станува некој друг“. Ведрана Рудан му била голема инспирација.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Subotic | Make Up (@stefansubotic_makeup)



Инспирација беа и нејзините изјави во кои истакна дека има мажи на кои им е важна женската интелигенција, а не нивниот изглед, односно затегнатиот задник и истакнатите гради. Кога ја покажа трансформацијата, следеа коментари: „Господе! Стефан, да беше во Холивуд ќе беше лицето на светот“, „Оригинално“, „Совршено“, „Браво“, „Ајде, неверојатно, нема еден подобар од тебе“, „Гениј“.



Коментарот на Ведрана Рудан на нејзината Фејсбук страница гласи: „Генијалниот Стефан Суботиќ“.

Многупати покажал што може да се постигне со шминката – од претворање во некој друг до менување на изгледот на жените како што тие сакаат.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Subotic | Make Up (@stefansubotic_makeup)


Веќе убавите жени потоа откриваат друга страна од себе, односно нивната убавина сјае на поинаков начин, но како што вели Рудан, суштината е далеку од физичката надворешност.