СТАНДАРДИТЕ СЕ МЕНУВААТ: Неочекувано титулата најубава жена на светот и припадна на оваа дама!

Добивај вести на Viber

На изненадување на многумина, угледниот магазин „Пипл“ оваа година ја прогласи пејачката Пинк за најубава жена на светот.

И додека порано познати и симпатични пејачки таа „титула“ ја носеа како Џулија Робертс, Никол Кидман, Кејт Хадсон ...сите холивудски убавици, овогодишниот избор предизвика бројни реакции. Едни го слават фактот дека светот кончено ги промени типичните стандарди на убавина, но други овој избор го прогласија за - смешен.

И самата пејачка која оваа ласкава титула ја објасни: „Кога ја слушнав веста веднаш им се обратив на сите кои беа со мене во просторијата и ги прашав дали некогаш помислиле дека може подобро од ова“, открила Пинк.

Додала дека за „титулата“ се заслужни нејзините деца, но заклучила и како се менуваат стандардите на убавина: „Ми се допаѓа како перцепцијата на убавина ги сврте работите наопаку. Нема ништо лошо во убавината и нема ништо лошо во внатрешната убавина. Физичката доѓа во различни бои и големини. Убаво е се што вам ви е убаво“!


Магазинот „Пипл“ на својата насловна страна објави фотографија од Пинк со децата, петгодишниот Вилоу Сејџ и едногодишниот син Џејмс Мун.