Стар автобус претвориле во куќа од соништата: Сега сите им завидуваат на домот

Добивај вести на Viber

Кога ќе видите како е опремен ќе посакате да сте на нивно место...

Сопружните од Англија одличија да купат стар автобус и да го претворат во место за живеење. Тие успеаја потполно да го прилагодат ентериерот на автобусот, а сега сите им се воодушевуваат.

На овој проект вредно работеле неколку месеци, а сите нивни пријатели биле вклучени во реконструкцијата на стариот училишен автобус. Сѐ започнало од големата желба да пропатуваат дел од светот и да се запознаат со преубавите предели. За да не плаќаат хотели, решиле да направат подвижна куќа.

Сите кои го виделе овој мал рај за уживање коментираат дека изгледа подобро и од многу куќи. На патувањата одат со двете деца, а друштво им прави и едно куче.

Секое катче во овој стар училишен автобус е максимално искористено, па така имаат сѐ што им е потребно за живот. Имаат дневна соба, спална, кујна, бања, но и простор за дружење.

Оваа двојка е доказ дека со добра организација сѐ може убаво да се среди и дека не е потребна куќа од 200 квадрати.

Во видеото погледнете како изгледа нивниот дом на тркала: