„Стара сум и дебела“: Беше идеал за женската убавина, го полуде и Том Круз, а денес не би ја препознал никој

Кога „Топ Ган“ се појави на филмското платно пред 36 години, главната актерка Кели Мекгилис стана сон на многу мажи. Денес, за разлика од главниот актер Том Круз, неа повеќе не ја гледаме на сцената, а по Топ Ган, Кели се повлече од Холивуд и му се посвети на театарот. 

Кога Кели го сними овој филм во далечната 1986 година, имаше 29 години, а улогата на заносната Чарли ја направи еден вид симбол и идеал за убавина кон кој сите се стремат. Долги нозе, руса коса, смело држење, сини очи, витка фигура – ​​имаше се‘што и требаше за вистинска ѕвезда! Мекгилис набрзо стана тоа - во следните години успеа да стане една од најпосакуваните холивудски актерки.


А, денес, многу постара и со седа коса, актерката е речиси непрепознатлива.

Поминаа 36 години од снимањето на „Топ Ган“ и работите се сменија... Јавноста беше изненадена кога виде дека името на Кели го нема на списокот на актери кои ќе се појават во продолжението на филмот. Таа откри дека не добила ниту покана да учествува на снимањето, а ја откри и причината за „Entertainment Tonight“.

„Јас сум стара и дебела и изгледам во согласност со моите години, а тоа не се очекува денес во светот на шоу-бизнисот“. 

Да потсетиме, Кели во 2009 година откри дека сака жени и моментално живее со нејзината партнерка Мелани Лис. Пред ова признание, актерката била во два брака и има две деца. 

Пред неколку години била нападната во нејзината куќа во Северна Каролина, поради што добила дозвола да носи пиштол. Во една прилика открила и дека во осумдесетите доживеала силување, поради што цел живот се бори со напади на паника, а извесен период земала и недозволени супстанци.


Фото: Профимедиа

Фото насловна: screenshoot - Youtube

Видео: Youtube