Старо 17 години, величенствено, несекојдневно: Ова здолниште на данската кралица Мери едноставно мора да го видите

Добивај вести на Viber

Данската кралица Мери е позната како жена која не знае да се облекува досадно, а сега ги облече едно од најубавите парчиња кои ја красат нејзината гардероба

Кралот Фредерик X и данската кралица Мери организираа свечена вечера во палатата Амалиенборг во Копенхаген, а тоа е традиционален прием на кој монархот собира претставници на Владата и судството.

Кралската двојка беше елегантна како и обично, но повторно главна тема беше стилот на данската кралица Мери, која уште еднаш избра ефектен стајлинг кој почесто го гледаме на модните писти отколку на членовите на кралското семејство.

Таа ги пречека гостите во комбинација потпишана од модната куќа By Malene Birger, интернационален бренд кој внесува уметнички шмек во современите класици и тоа јасно се гледа.

View this post on Instagram

A post shared by King Frederik | Fanpage (@hm.king.frederik)


Кралицата Мери избра едноставна сатенска блуза, затворен, драпиран модел со кратки ракави додека долниот дел од стајлингот е навистина посебен.



Станува збор за макси здолниште, модел со директен крој кој е покриен со раб на светки и зрачи софистицираност, но дефинитивно е невообичаено и привлекува внимание.



Инаку, се работи за парче кое со години е дел од гардеробата на кралицата Мери, а таа за прв пат ова здолниште го носеше во далечната 2007 година.

Кралицата на Данска го комплетираше својот изглед со златен ланец и висечки обетки, а косата ја стокми во ниска пунџа.