СТАТУС НА СОПРУГ КОЈ ДОПРЕ МНОГУМИНА: „Денес сфатив колкава будала испаднав“
Шон и Ешли Прајс се брачен пар од Балтимор и имаат две мали деца. Пред неколку дена Шон одлучи да напише подолго објаснување во кое ја пренесува фасцинираноста од силата и карактерот на својата сопруга.
Претходно тој говорел дека Ешли е кревка и дека тоа го истакнува во прв план, но сега сфатил дека сопругата му е многу похрабра отколку што мисли.
Одлучил да напише јавно извинување поради погрешната проценка. Ова се неговите зборови.
„Многу пати и реков дека е слаба поради пренагласените емоции кои ги искажува во различни ситуации. И реков да порасне, да биде жена, и да престане да биде толку несигурна...Премногу ми е тешко и често се исклучувам бидејќи не сум бил свесен дека таа всушност поседува сила каква досега немам видено. Ме збунија нејзината љубов и слабост кон мене, па ги сфатив како недостиг на сила и издржливост.“
Исто така напишал и дека Ешли родила деца без епидурална анестезија и дека двете бебиња се родени околу 3,5 кг. Покрај се, Ешли ги издржала напорните денови на работа додека ноќта водела грижа за повозрасното дете кое на свет дошло порано.
„Ја набљудувам како секој ден доаѓа од работа и му се посветува на тригодишно дете без никакви проблеми и одмор, по 12 часа смена, и мора да остане будна со него иако е уморна. Како можев да бидам толку глуп и да видам „слабост“ покрај сите други работи??
Денес кога влегов во дневната соба и го видов ова, сфатив колку голема будала испаднав. Ја пропуштаме реалноста бидејќи сме зафатени со фантазирање, не сфаќајки дека нашата реалност е една фантазија“, напишал Шон.
Тој на крај заклучил:
„Му благодарам на Бога за својата сопруга, за сите успони и падови, секојдневни лекции и сета сила која ја има, која јас не успеав да ја видам . Му благодарам на откровението кое денес ми го донесе денот“.
Оваа емотивна објава има преку 110 000 реакции и е споделена повеќе од 80 000 пати. Многумина во коментари ја поздравија искреноста на Шон и налетот на емоции во текот на пишувањата, како и неговата сопруга Ешли.