Сте се запрашале ли кој кола пијалaк има најдобар вкус?

Добивај вести на Viber

Повеќе од 10.000 учесници го дадоа својот одговор во “Пепси Предизвикот на вкусовите”

Ова лето беше одбележано од Pepsi Taste Challenge-от, каде учесниците во предизвикот одбираа кој вкус повеќе им се допаѓа – вкусот на Pepsi или вкусот на најпродаваниот кола пијалaк. Повеќе од 10.000 учесници го дадоа својот глас, а сега тука се и резултатите!

По два месеци и 24 настани во дури 8 града: Скопје, Струмица, Битола, Охрид, Струга, Гостивар, Прилеп и Куманово, резултатите од големиот “предизвик на вкусовите“ велат дека 58,8% од учесниците го одбраа Pepsi вкусот!

На сите учесници, по доаѓањето на еден од штандовите им беа послужени две чашки без никаква ознака, една наполнета со Pepsi, а друга со најголемиот кола конкурент. Тие имаа едноставна задача – да пробаат од двата пијалaци и да кажат кој вкус повеќе им се допаѓа.

На своите социјални мрежи, Pepsi им честиташе на сите за прифаќањето на предизвикот и им се заблагодари за тоа што го одбраа Pepsi вкусот.

Сите сме си го поставиле многу пати прашањето: кој кола пијалак има најдобар вкус? А сега, секој може да биде чекор поблиску до својот личен одговор.