Стил // Стил на денот
Стил на денот: Агнеса во бела кошула и тренди фармерки кои ќе се носат оваа пролет
Наша денешна модна инспирација е една од најстокмените инфлуенсерки кај нас, Агнеса Органџиева.
Оваа мајка на две девојчиња редовно споделува детали од нејзиното секојдневние и фотки на кои носи навистина интересни модни парчиња. Една таква фотка го задржа нашето внимание и токму затоа е наша инспирација за стил на денот.
Агнеса носи бела струкирана кошула и тренди фармерки кои ќе се носат оваа пролет.
Целиот изглед инфлуенсерката го заокружила со футуристички салонки кои го надополнуваат целиот аутфит. Добар моден избор, кој вреди да се ископира!
Фото: Инстаграм- Агнеса Органџиева