Стил на денот: Актерката Бергузар во безвременска бела кошула на забавата за откривање на полот на бебето кое го очекува
Прославената турска актерка Бергузар Корел (38) препознатлива по улогата на Шехерезад блеска во бременоста, таа го очекува третото дете со Халит Ергенч, во четвртата деценија од животот.
Пријателите на Бергузар вчера организирале забава по повод откривање на полот на бебето, а актерката заедно со фотографии од забавата откри дека очекуваат девојче. Инаку двојката имаат две момчиња.
За овој ден актерката носеше безвременска комбинација, погодна за секаде и буквално никогаш нема да погрешите ако ја изберете.
Колку и едноставно да делува комбинацијата, и самата Бергузар докажува дека сепак не изгледа досадно, напротив.
Станува збор за совршена, безвременска бела кошула, која актерката ја искомбинирала со црни панталони.
Ѕирнете во домот на Шехерезад и Сулејман: Славната актерска двојка има мало царство (ФОТО)
Совршенство: Турскиот актер на породувањето на сопругата - емотивни моменти и првиот допир со синчето