Стил // Стил на неделата
Стил на денот: Ана Ивановиќ во водечкиот тренд оваа сезона
Стајлинг без грешка
Кожените здолништа и кафеавите бои доминираат на модната сцена оваа сезона, а тоа добро го знае Ана Ивановиќ. Поранешната тенисерка уште еднаш демонстрираше како мора да изгледа убаво стилизирана жена.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија каде позира во здолниште и кошула со цветен принт. Целиот стајлинг го заврши со салонки во крем боја.
Во оваа комбинација, секоја жена изгледа женствено и елегантно. Дополнителен плус на овој стајлинг е тоа што совршено ги нагласува женските атрибути, ја издолжува фигурата и става акцент на половината.
Фото: Инстаграм/Ана Иванова