Стил на денот: Мантилот „две во едно“ на Елена Ристеска - модно парче кое секоја жена треба да го има

Добивај вести на Viber

Таа е една од најубавите и најстилизираните пејачки на нашето естрадно небо...

Елена Ристеска веќе 20 години е присутна на македонската музичка сцена. Девојчето со шарени чорапчиња, денес е остварена жена, претприемачка и секако пејачка. И по 20 години интересот за нејзината музика не престанува, а каде и да се појави, прави забава за која долго се зборува.

Една таква направи за Велигден, кога настапи во Кочани. Освен добрата забава и одличната музика, Елена на своите обожаватели им го покажа и својот одличен стил. Кај неа, сѐ е во знакот на минимализмот, па така на себе имаше облечено црн мини фустан на долги ракави, црни високи потпетици, висечки обетки и часовник. Но, она што им го привлече вниманието на сите е нејзиниот мантил.

Идеален за пролетните дожделиви денови, овој матинтил и навистина модно парче кое секоја жена треба да го има во својот плакар. На половината има патент, кој ако се отвори, од мантил ќе добиете кратка јакна.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)


фото: Принтскрин / Инстаграм