Стил // Стил на денот
Стил на денот: Мрежест фустан, гола кожа и сончев зрак - Барбара Ракичевиќ изгледа светски (ФОТО)
Пејачката Барбара Ракичевиќ секојдневно ги изненадува обожавателите со прекрасни фотографии но и со нејзиниот стил. Она кое последно го објави на својот Инстаграм профил се уметничките фотографии на кои изгледа како филмска дива.
Во крем фустан од мрежа, дискретен накит и мокра коса Барбара измами илјадници воздишки и преубави коментари. А речиси сите забележаа дека изгледа светски.
Меѓу многу кометари можеше да се прочита и оној, на нејзината најголема поддршка во животот, нејзината мајка.
„Филм“, напиша Мелита.
Фото:barbararakicevic/instagram