Стил на денот: Водителката Катарина Шишмановиќ во омилениот фустан на Кејт Мидлтон
Една од најубавите српски водителки, Катарина Шишмановиќ уште еднаш покажа дека сака елеганција, но и класици кои на сите им го одземаат здивот.
Имено, додека одмара на грчкото крајбрежје, Катарина повремено објавува фотографии на социјалните мрежи кои предизвикуваат лавина позитивни коментари.Така беше и овој пат кога Катарина објави фотографија во бел фустан со точки, кој е еден од омилените парчиња на познатата војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Овој модел на фустан ѝ прилега на речиси секоја жена, бидејќи има класичен крој и ги крие сите недостатоци.
Секоја жена која сака да изгледа елегантно додека и да се чувствува удобно и пријатно, треба да има ваков фустан во својот плакар.
Еве како овој познат дезен го носеше Кејт Мидлтон.
Извор: glossy.espreso.co.rs