Стил // Стил на месецот
Стил на месецот: Елена Стефановска во стајлинг кој е инспирација за сите генерации
Водителката Елена Стефановска секогаш е дотерана од глава до петици со врвен стил кој остава трага.
Таа постојано го одвлекува вниманието и остава без здив кога е нејзиниот стил во прашање, а со едно од последните нејзини изданија дефинитивно покажа како изгледа совршениот пролетен стајлинг.
Комплетот кој го носи Елена е составен од панталони и блуза кои се дел од најновата колекција на модниот бренд „Bella“.
Станува збор за елегантна и женствена пролетна колекција од која ќе посакате да имате сè.