Стил на неделата: Модна инспирација со нови трендови од улиците на Њујорк
Модата на улиците на Њујорк е вистинско уживање, а жителите обично се меѓу првите кои ги прифаќаат новите трендови, но и наметнуваат нови, па секое излегување е како прозорец кон иднината кој открива што ќе носи остатокот од светот во месеците што следат.
Меѓу различните парчиња кои њујорчанките ги обожаваат, три се издвојуваат меѓу најстилските девојки. Од свежи трендови на модните писти до основни парчиња, оваа листа уште еднаш докажува дека модата во Њујорк е збирка на еклектични стилови и вкусови.
1. Кожена бомбер јакна
Оставете им на њујорчани да бидат првите што ќе прифатат еден од новите трендови на сезоната. Кожената бомбер јакна танцува на линијата помеѓу елегантен и лежерен стил, па затоа е совршена за излегување во градот. Њујорчаните имаат тенденција да одат на преголеми кроеви, затоа размислете за „оверсајз“ големината за да го постигнете тој кул ефект.
2. Уникатни патики
Пешачењето е неизбежно во голем град, па затоа ви требаат обувки кое ќе бидат на висина на задачата. Патиките се очигледен избор, но њујорчаните не носат било што, тие најмногу се ориентираат кон специфични бои и привлечен дизајн.
3. Макси здолништа од необичен материјал
Девојките од улиците на Њујорк носат долги здолништа од технички материјали како најлон рипстоп и крут поплин.
Извор: elle.rs