Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Ноне Неделковска во сако кое треба да го има секоја дама
Ноне Неделковска е наша денешна модна инспирација.
Таа е дама која знае да искомбинира одлични модни парчиња и тоа да го направи ефектно. Ноне на нејзината последна објавена фотографија на Фејсбук носи хеланки-трициклисти во црна боја, црна маичка и сако во интензивна виолетова боја.
Целиот изглед го заокружила со обувките кои ја одбележаа сезоната црни чизми со висок ѓон и црна мала чанта. Одличен моден избор, а сакото е парче кое треба да се најде во гардероберот на секоја дама.
Може да го носите со патики, балетанки, високи потпетици, чизми, сандали, за спортска, кежуал или вечерна комбинација.
Фото: Фејсбук - Ноне Неделковска / Вангел Тануровски