Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Смел костим за Велигден - во режија на Каролина Гочева
Каролина Гочева денес е дефинитивно наша инспирација за стил.
За велигденските празници, пејачката се дотерала во супер модерен, и доста смел костим - велиме смел бидејќи е во две бои кои тешко се комбинираат, но ако го направите тоа на вистински начин, изгледаат многу моќно во комбинација. Веќе сфативте се работи за сино - кафеавиот кариран костим на Каролина, на кој се потпишува македонскиот дизајнер и стилист Папаз.