Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Три комбинации кои Нина Ангеловска ги носи на Миконос, а кои и вие треба да ги спакувате за одмор
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска замина на летен одмор на Миконос од каде што често објавува фотки.
Како што веќе пишувавме, Миконос е една од најпрестижните дестинации летово, каде што летува буквално половина Холивуд.
За оваа прекрасна дестинација се одлучила и Нина, а за таму одбрала совршени летни парчиња кои се лесни за носење, а сепак модерни и одлично се комбинираат.
Овие три комбинации се всушност и задолжителни парчиња кои треба да ги спакувате и понесете на одмор:
Број еден е секако плетениот сет за на плажа кој можете да го носите преку костимот за капење
Must have е и тексас здолниште кое можете да го комбинирате на безброј начини
И секако прекрасен долг фустан за вечерно излегување во бојата на морето