СТИПЕНДИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД АУЕ – ФОН

Добивај вести на Viber

Студентите од Американскиот универзитет на Европа – ФОН ќе добијат стипендии од Стопанска Банка АД – Скопје. Оваа поволност за студентите е резултат на продлабочување и зајакнување на соработката на Универзитетот со бизнис заедницата, односно со најголемата банка во нашата држава, Стопанска Банка АД – Скопје која се вклучува во кампањата „20 години АУЕ – ФОН,  200 компании, 2000 стипендии“.

Генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, м-р Сефер Цаноски и м-р Соња Николовска Вукајловиќ, заменик директор на Секторот за кадри при Стопанска Банка АД - Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се овозможуваат голем број на поволности за сегашните и идните студенти од Универзитетот, како и за вработените од банката.

Покрај доделувањето на стипендии, согласно Меморандумот за соработка, а во рамките на проектот на Универзитетот „Студирај и работи“, Стопанска банка АД Скопје ќе вработува студенти од АУЕ – ФОН кои студираат банкарство, ИТ или имаат стручно усовршување од областа на Сајбер безбедноста.

Двете страни како општествено одговорни институции заеднички се согласија дека продлабочувањето на соработката и размената на искуства ќе придонесе пред сè за квалитетна едукација, а преку практична работа или вработувањето, на студентите од АУЕ - ФОН им е загарантирана финансиска стабилност, сигурна иднина и успех во нивниот кариерен развој.

Со денешното потпишување на Меморандумот се потврдува заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката помеѓу двете институции во сферата на едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на вработените од банката во повеќе научни области. Меморандумот предвидува соработката да се реализира преку различни форми, меѓу кои стручна и научна експертиза за потребите на банката, потоа едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на вработените во Стопанска Банка АД Скопје. Дополнително, се овозможува организирање и на заеднички семинари, курсеви, обуки или други форми на доусовршување, како и истражувања од областите на взаемен интерес или давање на експертска помош од страна на АУЕ - ФОН при подготовка на стратешки плански и програмски документи и законски подзаконски и други акти во интерес на банката.

пр објава