Стипендистите од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот Шефилд во Велика Британија
Годишната студиска недела на Универзитетот Шефилд е еден од клучните атрибути на ЕМБА програмата. На овој настан присуствуваат повеќе од 240 млади професионалци, меѓу кои и 20те стипендисти од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии преку Министерството за образование и наука од земјава. Годинешниот конкурс за стипендии од оваа студиска програма е во тек и ќе биде активен до 30 август, со повеќе детали на линкот.
Како традиционален и клучен настан за идните дипломци целта на оваа студиска недела е подобрување на меѓународниот карактер на ЕМБА програмата, обезбедувајќи многубројни можности за мрежно поврзување на студенти од 8 држави. Дел од активностите на студиската недела се едукативни семинари, посети на компании, возбудливи излегувања, остварување релации со професионалци од различни земји, индустрии и култури и споделување најдобри практики.
Стипендистите од оваа програма на студиската недела во Шефилд во јуни годинава, посетија една од водечките компании во автомобилската индустрија, фабриката Јагуар и Ленд Ровер во Ливерпул. Студентите присуствуваа и на предавања одржани од професори од Школата за здравство и сродни истражувања (ScHARR) и Медицинскиот факултет на Универзитетот Шефилд во текот на студиската недела. Додека пак, во Солун, за време на студиската недела годинава се одржаа специјализирани предавања и меѓународни работилници, на теми од најразлични области, меѓу кои Предизвици со стареење на тимот на работното место, Управување со луѓе на стратешки позиции, Управување со ризици.
Предвидена да комбинира работа и задоволство, годишната студиска недела во Солун вклучува и традиционално крстарење со брод во заливот Термаикос, што претставува еден вид пријатно бегство од часови за студентите од ЕМБА програмата.