Стои феноменално: Здолниште кое ќе доминира претстојната сезона (ФОТО)
Фото насловна: Shuterstock
Бидете сигурни дека ќе
го набавите бидејќи ќе биде апсолутен хит на пролет
Пролетта ни е на прагот, па крајно време е да почнеме да размислуваме за комбинации за најдобрата сезона.
Иако сега сме навикнати на удобни стајлинзи, ситуацијата ќе се промени на пролет. Дизајнерите нагласуваат дека фокусот ќе биде на повеќе женски парчиња кои ја ласкаат фигурата и ги истакнуваат најубавите делови кај една жена. Ова здолниште е токму такво, кое апсолутно ќе доминира.
Станува збор за здолниште на преклоп во кое, не само што ќе изгледате феноменално, туку и така ќе се чувствувате.
Поради асиметричниот крој и убаво распоредените набори, се создава илузија на потенка фигура. Покрај тоа, ќе можете да го носите и во безброј прилики, бидејќи лесно се вклопува во лежерни, но и поелегантни комбинации. Ова е дефинитивно парче во кое вреди да се инвестира.
Фото: Инстаграм/sassy_nic
Можеби ќе ве интересира:
Мора да ги имате: 5 задолжителни парчиња облека за ниски жени (ФОТО)