СТРАНЦИТЕ ГО НАРЕКУВААТ „СВЕТСКО ЧУДО“: Етнолошкиот музеј во Џепчиште го посетиле 40.000 луѓе

Постои 30 години, располага со 2.000 експонати, а досега го посетиле 40.000 луѓе од земјава и странство.

Најмалиот етнолошки музеј на светот од само неколку квадрати се наоѓа во селото Џепчиште, на 5 км северозападно од Тетово, и е во сопственост на Симеон Златев Моне. Тој отсекогаш ја сакал етнологијата, но по професија е архитект. Вели дека експонатите ги собирал тој, неговото семејство, семејството на неговата сопруга, дел купувал, а дел се обезбедени по пат на донации.

„Во музејот има носии, керамика, бакарни садови, карти за здравици, накит, ламби, оружје, 10.000 значки, 50 плакети и друго. Доаѓале луѓе од секаде, од соседството, од Америка, Австралија, Кина, Јапонија, Турција, Шпанија, Италија. Странците се навистина воодушевени, велат дека ова е светско чудо. Од Македонија доаѓале луѓето од трето доба, ученици на екскурзии, поединци, а го посети и претседателот на државата, Стево Пендаровски“, раскажува Златев.


Целиот текст за Етнолошкиот музеј во Џепштиште прочитајте го на Фактор.мк