„Страшно е кога немаш за лекови, за некои основни работи“: Ова е пензијата на Сузана Манчиќ за 50 години кариера – сумата е шокантна

Добивај вести на Viber

Сузана Манчиќ официјално се пензионираше минатата година, а ова е нејзината сума за 50 години кариера.

Едно од најпознатите ТВ-личности Сузана Манчиќ минатата година официјално се пензионираше, а откри и колкава и е пензијата.

„Понекогаш имаш пари, па можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но немањето не е страшно. Страшно е кога немаш пари за лекови, за некои основни работи, но фала богу, пензијата доаѓа. Реков на некој колку ми е пензијата, па порталите изгореа како „Скандалозно е колку е пензијата на Сузана Манчиќ, 53.000, (околу 25.000 денари). Па добро, за не дај Боже, луѓето да живеат од таква пензија“, изјави Сузана за „Грандонлајн“, и истакна дека секогаш рационално ги потрошила парите.


Сузана истакна дека е горда на се што успеала да постигне за 50 години работа.

„Имав рационален и штедлив момент, да не речам пироќански. Потрошив половина, половина оставив на страна, така што во животот најмногу заработував. Од таа пензија можеш да живееш, особено кога работиш нешто друго на страна“, вели Сузана .

Таа се осврна и на крајот на кариерата

„Да имам толку долга и успешна кариера е нешто на што се гордеам. Почнав со музика, потоа со телевизија, па се случи Лото. Па, имаше пауза неколку години. Но, би сакала да ја завршам кариерата со убава песна. Имам добар текстописец дома, а тоа е мојата ќерка Теодора, која ми вели дека сега работиме на тоа.

Извор: Стил курир

Фото: Инстаграм