Струмичанката Кристина Николова ги закити витрините со 11 медали

Добивај вести на Viber

За Кристина Николова од Македонија, сонот стана јаве со многу труд, работа посветеност и дисциплина последниве две години освои вкупно 11 медали. Со првото злато се закити  на натпреварот  европскиот шампионат за IBFF EVROPSKI CHAMPION BODYFITNES.

2022год го освојува 2то злато како државен на македонија IFBB.

Доополнително учествува во популарниот топ 5 европски Herkules куп каде освојува  прво место.

Кристина има освоено дополнителни бронзени и сребрени медали во други натпревари, а таа вели дека дисциплината упорноста и мотивот се главни двигатели на успехот, дополнително ни опиша колку е горда  на своите успеси.

-  Пресреќна сум. Не постојат зборови со кои можам да ги опишам чувствата. Не можев да ги допрам солзите радосници додека четири пати се искачував на пиедесталот и ја слушав македонската химна, вели Кристина.

Таа додаде дека за успех потребни се и откажување од некои задоволства.

- Имам секојдневни напорни тренинзи и долготрајни исцрпувачки диети. Се откажав од богати софри со калорична храна. Се будам рано и си легнувам рано. Тоа е мојот рецепт за посакуваната форма, вели Кристина која покрај работата како тренер во пулсфит струмица,  работи и како сертифициран  сметководителл  во DOJEN FIN KONSALTING , и е дипломиран економист.



ПР објава